fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунски комбинат Прилеп со добивка од над два милиони евра

Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 илјади денари, а во 2020 година – 31.004 илјади денари.

Тутунски комбинат АД Прилеп во 2021 оствари добивка во износ од 134,7 милиони денари (2.2 милиони евра), информира компанијата преку Македонската берза. Ова е трета година по ред, по 20 години поминати како еден од најголемите загубари во земјава, ТКП да прокнижува добивка од работењето. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 илјади денари, а во 2020 година – 31.004 илјади денари.

Според извештајот доставен до Македонската берза, во 2021 година оперативните приходи изнесувале 1.105.363 илјади денари што претствува зголемување од  22% во однос на 2020 година, како резултат на пораст на приходите од продажба. Истовремено, и покрај предизвиците наметнати од растот на влезните инпути, компанијата успеа да ги одржи оперативните расходи речиси на исто ниво како и претходната година. Во 2021 година, финансиските приходи на компанијата се зголемиле од 107.929 илјади денари на 196.415 илјади денари, што претставува раст од 80% споредено со 2020 година.

Остварената добивка е резултат на продлабочувањето на соработката со стратешкиот партнер, што придонесе последните години да се подигнат стандардите за квалитет, продуктивноста да биде на максимално ниво, да се зголемат капацитетите, а со тоа и продажбата.  Изминатите години Тутунски Комбинат Прилеп, благодарение на партнерството  со Филип Морис Интернационал (ФМИ) во заедничката компанија ФМТКП, значително ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови од палетата на ФМИ. Позитивните финансиски резултати покажуваат дека компанијата ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години.https://nezavisen.mk/tutunski-kombinat-prilep-so-dobivka-od-nad-dva-milioni-evra/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close