fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Драстично поскапување во Германија поради цените на шеќерот и житарките

Причина е поскапувањто на шеќерот, житарките и другите сосотојки чија цена во последните месеци скокна за 40 отсто.

Основните прехранбени продукти во Германија драстично поскапеа, а некои од нив во продавниците наскоро може да бидат до 25 отсто поскапи.

Во Германија, во следните неколку месеци ќе дојде до големо поскапување на производите, а производителите се закануваат со дури 25 отсто повисоки цени, пренесува магазинот „Феникс“.

Производителите како „Нестле“ и „Хенкел“ во моментот преговараат со големите трговски синџири за драстично зголемување на цените. Порталот „Lebensmittelzeitung”, кој објавува вести поврзани со трговијата и храната, пишува дека производителите на тестенини планираат да ги зголемат цените, пренесе „Вечерњи лист“.

На пример, најголемиот производител на сушени тестенини во Германија „Биркел“, можно е да ги зголеми цените на своите производи за 19 отсто, а тестенините на производителот „Буитони“ дури за 25 отсто.

Причина е поскапувањето на шеќерот, житарките и другите сосотојки чија цена во последните месеци скокна за 40 отсто. Големите трговски синџири се борат против планираното поскапување на цените кое го најавуваат производителите. Тоа може да доведе некои производи да ги нема на рафтовите.

Во минатото, при вакви ситуации, некои трговски синџири не нарачуваа некои производи за да извршат притисок на производителите и така да го спречат зголемувањето на цените.

Во интервју за германски „Билд“, Бернард Бурдик од потрошувачкиот центар во Северна Рајна Вестфалија предлага ослободување нод ДДВ за овошјето и зеленчукот за здравата храна да остане пристапна.

Политичарите, исто така, даваат предлози како да се намали инфлацијата. Политичарот од ЦДУ Јоханес Штајнигер, предлага укинување на давачката за зелена електрична енергија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close