fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд

И утре, според најавите од УХМР, се очекува времето да биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне кога на некои места ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На одредени места врнежите се очекува да бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 1 до 8, а во текот на денот од 9 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно, а попладне се очекува да има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде 7, а дневната до 17 Целзиусови степени.

И утре, според најавите од УХМР, се очекува времето да биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне кога на некои места ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, времето утре, ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмeжи. Темпертурата утре ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close