fbpx
Вести

Државата да обезбеди пари за да ги покрива загубите на земјоделците

zemjodelci

Земјоделците предлагаат нови мерки за националната програма за рурален развој. Една од нив е воведување на интервентен фонд за регулирање на пазарот. Во прво време фондот ќе располага со 6 милиони евра, средства кои ќе бидат употребени доколку дојде до драстичен пад на откупните цени на поедини земјоделски производи. Во тој случај разликата помеѓу откупната и реалната цена ќе ја субвенционира државата.

– На пример, ние сега бараме, бидејќи е ниска цената на јагнето, која е 140 денари, а треба да биде 220 денари, тоа значи дека околу 1500 денари по јагне треба државата да ги дотира. Ќе ги дотира од тој ново формиран фонд-изјави Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделци на Р.М.

Реално е да се очекува дека во фондот ќе има пари доколку состојбата е критична само во поедини сектори, но доколку се повторат минатогодишните откупни цени кај сите житни култури, тогаш не ќе можат да бидат покриени сите загуби на земјоделците. Втора мерка е воведување на т.н. зелена нафта, чија практична имплементација ќе одземе време, зашто е потребно да помине на Влада, да се  распише тендер и да се изнајде начин за правилна распределба.

– 50 % од цената на нафтата ќе се субвенционира. Меѓутоа нема сите култури да бидат подеднакво ставени во „ист кош“, туку ќе се направи план за која култура колку нафта се троши и таа количина се множи со 50 % од постоечката цена-додава Шаклев

Како трета новина, земјоделците бараат намалување на ДДВ од 18% на 5 % за ветеринарните лекови, но уште повеќе на ветеринарните услуги, зашто праксата покажала дека, тие се многу поскапи од медикаментите за домашните животни.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close