Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) при МЗШВ ќе работи и во сабота 15.06.2019 година, но само за анализи за испитување на габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што е соопштено, дополнителниот ангажман на лабораторијата е поради зголемениот обем на работа и извоз на коскесто овошје на пазарите во Европската унја и во Руската федерација.
Доставувањето на мостри за испитување на присуство на габата „Monilinia fructicola“ ќе може да се направи во периодот од 08:30 часот до 13:00 часот во Државната фотосанитарна лабораторија.
Државната фитосанитарна лабораторија работи согласно акредитираните методи односно протоколите на Европската Медитеранска организација за заштита на растенијата, при што добиените резултати се веродостојни и прифатливи за извоз.
Резултатите од лабораториските анализи од ДФЛ ја пратат пратката од коскесто овошје при извоз на рускиот пазар и се важни особено во овој период кога е зголемен извозот на коскесто овошје.