fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Државата е должна да изврши интервентен откуп на пченицата-да ја надомести разликата од пазарната до производната цена

Националната земјоделска мрежа реагира!

Почитувани земјоделци,  сакаме јавно да го искажеме нашиот револт поради следното:
Преку службено соопштение од страна на Министерот за земјоделие беше соопштена одлуката на Владата за интервентна доплата од три денари по кг. произведена и предадена пченица на регистриран откупувач односно складирана во силос.
Почитувани, Националната земјоделска мрежа согледувајки ги состојбите со житариците благовремено побара и доби производна цена за јачмен од 15 ден по кг. односно 19 за пченицата од страна на Земјоделски институт Скопје.
Врз основ на овој документ се повикавме на Член 40 од Законот за земјоделие и рурален развој според кои во ситуација кога пазарната цена е помала од производната цена на пченицата како стратешка култура заштитена со закон државата е должна да изврши интервентен откуп по цена до 25% над производната цена. Односно да ја надомести разликата од пазарната до производна цена, што во конкретниот случај, со доплата од 3 ден по кг. не е ни одалеку до потребните минимални 19 ден. производна цена на кг. пченица.
Останува отворено прашањето што со тие производители на кои поради одредени причини не им е откупена пченицата? Ние како Национална земјоделска мрежа сметаме дека со една ваква одлука грубо се крши законот во Член 40 и се прави обид за релативизирање на состојбата со грабежот на производителите на пченица. Како поткрепа на нашиот јавно искажан став во целост го цитираме Член 40 од Законот за земјоделие и рурален развој.
Интервентна цена Член 40
(1) Набавката од членот 39 став (3) на овој закон се врши по интервентна цена.
(2) Владата, на предлог на Министерството, ја утврдува висината на интервентната цена на
пченицата во рамките на просечните производни трошоци за производство на килограм пченица
за дадената производна сезона зголемени до 25%.
(3) Пазарната цена е просечна месечна откупна цена на пченица на пазарите во Република
Македонија која се води согласно со Земјоделскиот пазарен информативен систем.
(4) Доколку пазарната цена на пченицата е повисока од просечните производни трошоци, не се
врши интервентен откуп.
(5) Просечните производни трошоци се утврдуваат врз основа на податоците од мрежата на
сметководствени податоци од земјоделски стопанства.
(6) Разликата меѓу интервентната и пазарната цена за откупената пченица се обезбедува со
програмите од членот 7 став (3) на овој закон.
Во контекс на ова ќе споменеме дека до Влада имаме упатено вкупно 8 барања и ќе причекаме на официјален одговор. По што внимателно ќе ја анализираме состојбата и ќе донесеме конкретни решенија. За сите активности на Националната земјоделска мрежа јавно и благовремено ќе информираме.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close