Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Државата е должна да ја доисплати разликата од откупната до заштитната цена на стратешките земјоделски култури

За жал, за житариците од реколтата 2025, и покрај законската обврска, до ден-денес Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема изготвено производна цена за јачменот и пченицата.

ДРЖАВАТА Е ДОЛЖНА ДА ЈА ДОИСПЛАТИ РАЗЛИКАТА ОД ОТКПНАТА ДО ЗАШТИТНАТА ЦЕНА ЗА СТРАТЕШКИТЕ КУЛТУРИ

Соопштение од Националната земјоделска мрежа

Почитувани колеги,
Според Законот за земјоделство и рурален развој , пченицата и јачменот се дефинирани како стратешки култури. Согласно истиот закон, за стратешките култури се гарантира заштитна цена која се пресметува врз основа на производната цена зголемена за 25 проценти.
Во услови на пазарни нарушувања, кога откупната цена е помала од пресметаната заштитна цена, државата според Законот за земјоделство и рурален развој е задолжена да ја доисплати разликата. Во случај на непочитување на оваа законска мерка, државата грубо го крши Законот и за тоа треба да има институционална и лична кривична одговорност. Сѐ надвор од ова е груба манипулација и кршење на законите на Република Македонија.

Националната земјоделска мрежа во 2023 и 2024 година презеде иницијатива и преку институционален пат, заедно со нашите членови и колеги, успеа да излобира за реколтата документ од Земјоделскиот институт Скопје за производна цена на пченицата за 2023 година, и тоа за пченицата 19 денари и јачменот 15 денари. За истата година се оствари рекордна цена за јачменот и пченицата.

За реколтата 2024, исто така, Националната земјоделска мрежа презеде иницијатива и за таа година, со одлука на Владата предводена од премиерот Мицкоски, се одобрија пет милиони евра преку интервентниот фонд, односно три денари по предаден килограм пченица и шест илјади денари по хектар дополнително за јачменот.

За жал, за житариците од реколтата 2025, и покрај законската обврска, до ден-денес Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема изготвено производна цена за јачменот и пченицата

Националната земјоделска мрежа дава целосна поддршка на иницијативата на Здружението „Фармери – Југозапад“ за организирање средба со производителите на житарици со основани законски барања за интервентни мерки.

Со почит,
Национална земјоделска мрежа

Поврзани новости

Back to top button
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom