Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Државниот инспекторат за земјоделство со засилени контроли до самиот крај на откупот на грозјето
Инспекторите будно остануваат на терен да го следат откупот на грозјето
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев при посетата на Тиквешијата вели дека инспекторите будно остануваат на терен да го следат откупот на грозјето и најави засилени контроли до самиот крај на откупот. Откупот на винското грозје тече со нормален тек, запазени се препорачаните откупни цени и нема забалешки во одност на откупот, рече Анакиев.
Практично она што е договоривме пред почетокот на бербата се почитува. Важно ни е да имаме задоволни лозари за да и во иднина опстане оваа гранка, но и да се подобри и модернизира со што ќе го одржиме епитетот – Македонија земја на квалитетното вино“ констатираат од Државниот инспекторат за земјоделство