fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Државните станови што се градат во Битола ќе се продаваат по 1.000 евра за м2

За зградата која се гради на ул. „Партизанска“ во Битола, Николовски вели дека становите ќе бидат по 1000 евра за метар квадратен. 

ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА!, објави министерот за транспорт и врски Александар Николовски. За зградата која се гради на ул. „Партизанска“ во Битола, Николовски вели дека становите ќе бидат по 1000 евра за метар квадратен.
– На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени
 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен
 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен
 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен
Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!
 Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи, објави Николовски
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close