Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Субвенциите за тутунот ќе се исплаќаат заклучно со 22 јуни
Тутунарите во исчекување да ја земат примијата за тутунот, секој ден ги проверуваат банкарските сметки. Некои од нив се разочарани што и по седум дена нема исплата на нивните сметки.
Тутунари секојдневно ни пишуваат дека се уште не зеле субвенции, а некои од нив велат дека им се исплатени само еден дел од субвенциите. Тутунарите во исчекување да ја земат примијата за тутунот, секој ден ги проверуваат банкарските сметки.
Некои од нив се разочарани што и по седум дена нема исплата на нивните сметки.
Од страна на АФПЗРР беа изготвени налози за исплата на 17.280 тутунари за вкупна финансиска поддршка од 1.3 милијарди денари.
Средствата ќе се трансферираат на сметките на тутунарите преку трезорот на Министерството за финансии на секојдневна основа во вкупно девет работни дена. Што значи субвенциите ќе се исплаќаат заклучно со вторник 22 јуни.