fbpx
ВестиТоп вести

Се зголемува интересот за одгледување на лешник во земјава

ФИЉИ РИСТОВСКИ ДООЕЛ  е фирма чии почетоци на функционирање бележат производство на ориз. По долгогодишна соработка и искуство стекнато во Италија, фирмата почнува да се занимава со одгледување и производство на лешник.

„Во 2012 година ги подигнавме нашите први насади од Лешник на површина од 10 хектари. Садниците се увезени од Италија, сорта Tonda Gentlle delle Langhe Trilobata, која е една од најбараните сорти на пазарот.

Наша цел е квалитетен производ по сите стандарди, конкурентен на пазарот и во земјите на ЕУ.

Во 2014 година насадите ги проширивме уште за 10 хектари со садници од истата сорта“, велат од оваа фирма.

До сега фирмата има подигнато 28 ха со лешник, со намера да ја проширува својата дејност, дополнително да произведува посадочен материјал.


За успешно одгледување на лешникот на парцелите е поставен систем за наводнување “капка по капка”.

Благодарение на квалитетниот саден материјал, добрата подготовка на  парцелите  и одговорната работа, со задоволство може да кажеме дека во 2016 год, почнавме со производство на саден материјал од нашиот насад од лешник. Нашиот Расадник се наога во с.Облешево , засадени се 10000 садници од кои очекуваме добар и квалитетен саден материјал.Садниот материјал е од сортата Tonda Gentlle delle Langhe -Италијанска сорта која потекнува од областа Пиемонте, каде што најмногу се одгледува, е забележано на веб страницата на ФИЉИ РИСТОВСКИ ДООЕЛ.

Оваа  сорта не поднесува влажни и магловити предели, созрева рано во втората половина на август. Џбунот е со средна бујност. Ресите се отвараат од средината на декември до средината на јануари.За опрашувачи најпогодни се сортите Tonda gentile Romana, Mortadella. Nocchione, Negret, Cosford. Отпорна е на зимските мразови.Многу родна сорта.Плодот е со средна големина (2,5 гр.) со округла форма. Ова сорта е многу квалитетна, ароматична, затоа е многу користена во кондиторската индустрија.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close