fbpx
ВестиВкусот на традицијатаЕкологијаЛов и риболовРурален туризам

Дуф водопад – патување до недопрената убавина

Во долината на реката Радика, во Реканскиот крај, во подножјето на планината Дешат, во националниот парк Маврово, е сместено планинското село Ростуше, во чија непосредна близина се наоѓа природната реткост и убавина - водопадот Дуф.

Природата била несебична и не се штедела да дарува реки и водопади кои се распространети по целата наша територија.

На ова мало парче земја, скоро по сите долини и клисури се наоѓаат прекрасни реки, водопади, убавини и природни реткости кои по своите карактеристики на настанување и периодот кога се оформиле и настанале, ги има само тука, кај нас, во Македонија и на ниту едно друго место на земјата.

Водопад кој плени со својата неповторлива убавина, а е помалку познатиот е токму Дуфскиот водопад кој се наоѓа во селото Ростуше на падините на планината Крчин, каде што е сместен во густа шума.

Ростушка Река е десна притока на Радика. Реката е образувана од два помали водотеци на планината Крчин, познати како Голема и Мала Река. Изворот на Голема Река е на надморска височина од 1.540 м. По течението на реката е сместен Дуфскиот водопад, по што таа поминува низ кањон, а потоа поминува низ селото Ростуше и конечно се влева во реката Радика од нејзината десна страна.Вкупниот вертикален отсек на Дуф водопад изнесува 23,5 м, а подинскиот дел содржи џиновски лонец. Водопадот е полноводен во текот на целата година, при што протокот е двојно поголем во текот на зимата, а во просек изнесува околу 90 л/с.

Луѓето го посетуваат Дуфскиот водопад и се разладуваат од завесата од капки која како дожд ги испушта водата паѓајќи по должината на целиот Водопад.

Природата прави чуда, па така го створила и овој Дуфски водопад 

До водопадот се стигнува многу лесно, по пешачка патека, за време од околу 30 минути од селото Ростуше.Значи на леснодостапно место и за да се дојде до него не е потребен голем физички напор, зошто ве води обележана пешачка патека во должина од илјада и дваесет метри.

Од половина пат, патеката води по кањонот на Ростушка Река, кој на некои места е длабок и до 100 метри. На крајот од кањонот се наоѓа Дуф водопад, скриен позади карпите, со висина над 28 метри. На местото е поставена алпинистичка опрема со која посетителите може да се искачат по карпите што го обиколуваат водопадот.

Моќна завеса од дожд

Она што овој водопад го прави посебен и го издвојува од останатите водопади е висината на карпата од која паѓа водата, која е околу 30 метри висока. Паѓајќи водата од таа висина создава неверојатен звук и глетка која потсетува на нешто многу моќно и грандиозно. Денес ова место е вистинска туристичка атракција за многу посетители од нашата земја, но и од поширокиот  регион.

Во минатото на водопадот жените переле алишта

Во минатото водите од водопадот ги користеле само жените од тој регион за перење на алишта, а подоцна водите од овој водопад биле причина за изградба на првата хидроцентрала.

 

Подготвил: Анета Блажевска

Фотографија: Ивона Кочов

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close