fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецРурална ЖенаТоп вести

Дупка во законот ги остави жените земјоделки без породилно и болничко боледување

Земјоделките плаќаат здравствено и пензиско осигурување, но не поминуваат плата, туку се алиментираат од приходите што ги остваруваат, но кога станува збор за платено породилно боледување, тоа не им следува.

Жените регистрирани како индивидуални земјоделки немаат право на платено породилно отсуство. Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери, за „Слободен печат“ објаснува дека тие си плаќаат здравствено и пензиско осигурување, но не поминуваат плата, туку се алиментираат од приходите што ги остваруваат, но кога станува збор за платено породилно боледување, тоа не им следува.

– Се работи за дупка во законот стара најмалку петнаесетина година и за која постојано ги алармираме институциите, бидејќи вака како што е сега жените земјоделки се посебно дискриминирани од другите жени работнички. Ова драстично им го зголемува нивниот товар во репродуктивната, социјалната и економската сфера – нагласува Мојсовска.

„Слободен печат“ се интересираше во Министерството за труд и социјална политика, дали со најновите измени на Законот за работни односи е предвидено користење платено породилно отсуство и за жените регистрирани како индивидуални земјоделки?

– Со новиот Закон за работните односи кој подолг период е во подготовка заедно со социјалните партнери и со други засегнати страни, во посебно поглавје се уредуваат прашањата за мајчинското, татковското и родителското отсуство. Овие прашања се уредуваат на начин со кој се врши усогласување со најновата меѓународна регулатива за оваа област. Со Законот за работните односи се утврдуваат правата на родителите на отсуства од работа во врска со бременост, раѓање и грижа на дете, односно се утврдува дека тие имаат права на платени отсуства во наведените случаи. Начинот и условот за користење на платеното отсуство, односно надоместокот на плата се регулираат со Законот за здравствено осигурување и доколку се јави потреба, истиот Закон соодветно ќе се усогласи со предвидените промени во Законот за работните односи во однос на овие отсуства – информираа од МТСП.https://www.slobodenpecat.mk/dupka-vo-zakonot-gi-ostavi-zhenite-zemjodelki-bez-porodilno-i-bolnichko-boleduvanje/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close