вестиМакедонијаТоп вести

Снегот добредојден за есенските посеви, но штетен за коскестото овошје

Снег на 1април не е вообичаена појава, но повозрасните жители паметат дека вакви врнежи имало и во минатото

Снежната покрива на некои места во Пелагониско снежната изнесува и над 40 см. Со оглед на тоа што веќе подолг период има суша, ваквите врнежи од дожд и снег значително ќе ја подобрат влагата во почвата. За есенските посеви снегот е добредојден, но за овошките не.

-Овој снег е бериќет, велат постарите. Барем ќе има вода. Снегот и влагата што тој ја донесе во почвата е добредојден за есенските посеви, особено за пченицата. Кај јачменот во Пелагониско можно е да има полегнување, бидејќи тој беше во понапредна фаза од развојот, но тоа  ќе се знае штом се стопи снегот. Доколку температурите паднат многу под нулата, како што велат метеоролозите, можно е да има штета кај јачменот, вели Владе Кртевски агроном од Битола.

Снегот можно е да предизвика штети кај овошките. Кај помладите садници може да предизвика  кршење на гранките, заради големиот процент на влага во снегот. Јаболката во овој регион може и да ги поднесат сите овие временски шокови, но за коскестото овошје штетите допрва ќе се гледаат. Родот ќе биде драстично намален велат агрономите.

Тие препорачуваат таму кајшто има услови да се влезе во овоштарникот  и да се истресе снегот од гранките на дрвцата, за да се спсат од кршење на гранките и измрзнување.

Вонаредните денови метеоролозите предвидуваат спуштање на темепартурата  под нулата, но наместа ќе се задржи снежната покривка.

Врнежите од дожд и снег значително ќе ја подобрат хидролошката состојба во акумулациите, така што земјоделците не мора да стравуваат за вода за наводнување.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close