fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дури 30 илјади помалку крави за 5 години во Малешевијата

Видео-Производството на млеко за сточарите во Малешевскиот регион станува се понеисплатливо, бидејќи откупната цена стагнира со години, а трошокот за да се обезбеди храна за добитокот е огромен.

Производството на млеко за сточарите во Малешевскиот регион станува се понеисплатливо, бидејќи откупната цена стагнира со години, а трошокот за да се обезбеди храна за добитокот е огромен. Според податоците на ресорното Министерство просечната откупна цена на млекото лани пораснала само 0,6 %, додека на дел од добиточната храна и за 62 %.  Се пожалија и дека субвенциите им доцнат две години.

Познатото малешевско сирење се продава од 400 до 450 денари,  фармерот Мачевски  вели дека цената од 600 до 850 денари на сирењето и кашкавалот во маркетите е нереална.

Бројот на крави последните пет години се намалил за близу 30.000 грла, а податоците на Заводот за статистика покажуваат дека лани во земјава се произведени  над 326 илјади литри млеко, кое и најниското производство во последните десет години.https://telma.com.mk/2022/09/25/brojot-na-kravi-vo-maleshevskiot-region-za-5-godini-se-namalil-za-30-iljadi/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close