fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Две жртви во сообраќајката пред Битола и едно тешко повредено лице

Во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.(42) од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош. Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола -Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, Општина Кривогаштани. Во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.(42) од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош. Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close