Двојно повисоки субвенции за органско производство
Земјоделците кои се занимаваат со органското производство имаат од 30 до дури 100 проценти поголеми субвенции од другите фармери. Овој вид храна сѐ повеќе се бара и во нашава земја.
Органското производство се субвенционира со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, трговците и извозниците со дополнителни 5 проценти од вредноста на продадените производи.
Годинава органските градинари ќе добиваат повисока финансиска поддршка за 70, а лозарите и овоштарите дури за 100 проценти.
Дополнително ќе им се платат и половината од трошоците за сертификатот за органски производи.
По 3.500 денари за хектар следуваат и за нивите на кои се користи зеленото ѓубриво и за земјиште оставено за следната година за одгледување на друга култура.
Во Македонија има регистрирани вкупно 3.100 хектари со органско производство и 480 производители.