вести

Министерот за земјоделство не е задоволен од работата на Државната агенција

Министерот за земјоделство не е задоволен од работата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Деталните анализи покажале дека вработената администрација непрофесионално ги советува земјоделците како полесно да дојдат до парите од европските фондови. Поради ова државата ќе финансира невладини организации,`  кои треба да помогнат да се зголеми апсорпцијата на европските пари. На јавниот повик се пријавиле 80 невладини организации.

Буџетот за земјоделството следната година ќе тежи 164 милиони евра. Само за субвенции се предвидени 136 милиони а земјоделците ќе добијат навремена исплата, истакна Николовски. Од непродуктивните трошења за околу 8000 евра  ќе се кратат само патните и дневни расходи.

Инаку во владината програма и предизборниот период беа најавувани 160 милиони евра за субвенции, но надлежните сега велат дека сумата ќе се достигне до крајот на мандатот. Се предомислија и за воведувањето на персоналец за сите производители независно од приходот што го остваруваат. Ослободени од плаќање на данокот ќе бидат сите со годишни приходи до милион денари .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close