Едукацијата на земјоделците најдобра превенција за намалување на несреќите и повредите во земјоделското производство

(Oвој напис е објавен на: July 19, 2018)

Безбедноста и здравјето при работа скоро во сите сфери на општественото живеење не е на задоволително ниво. Статистичките податоци во годишните извештаи  за несреќи , повредени и жртви го потврдуваат тоа. Од ова не изостанува и земјоделската дејност. Несреќите поврзани со земјоделските машини не се единствените ризици по здравјето и безбедноста на земјоделците.

Податоците во годишниот извештај што го изработува Македонското здружение за заштита и безбедност при работа говори дека земјоделството често претставува минско поле за губење на животите на работниците,  при вршење на земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај, користење на механизација која нема техничка заштита итн.

Вопериодот од 2013 годинадо 2017 година, поради грешки на возачите на трактори слученисе вкупно 271 сообраќајни незгоди со потешки последици, покажуваат статистичките податоци во Мнистерството за внатрешни работи.

Сообраќајни незгоди случени поради грешки на возачи на трактори
2013 73
2014 59
2015 51
2016 47
2017 41
вкупно 271

 

Во сообраќајните незгоди случени со трактори во наведениот период загинале 30 лица, однив 17 с евозачи на трактори и 13 патници. 

загинати севкупно
возачинатрактор патницинатрактор
2013 7 6 13
2014 1 4 5
2015 2 2
2016 2 2
2017 5 3 8
вкупно 17 13 30

 

 

Во периодот од 2013 до 2017 година,  во сообраќајни незгоди со потешки последици случени со трактори на страдале вкупно 48 деца, однив две загинале, а 46 деца се повредени. Притоа, на возраст до 13 години на страдале 30 деца, додека останатите 18 се навозраст од 14 до 17 години.

0-13 14-17 севкупно
загинати повредени загинати повредени загинати повредени
2013 12 11 23
2014 1 5 1 5
2015 1 2 3
2016 4 4 8
2017 1 6 1 1 7
вкупно 2 28 0 18 2 46

 

 

Со доследно применување на препораки  за безбедна  употреба на тракторите и други земјоделски машини ќе се намалат повредите и несреќите во земјоделското производство. Истражувањата покажуваат дека најчести  се  несреќи со трактори кои за последици имаат тешки телесни повреди или повреди со смртоносни последици со превртување на трактор, прегазување или пад од трактор или приколка. Токму затоа потребна е превенција и континуирана едукација на земјоделците со цел да се намали бројот на несреќите и повредените лица во земјоделското производство, велат  од Македонското здружение за заштита и безбедност при работа.

Сообраќајните незгоди не се единствената причина за нарушување на безбедноста и здравјето на земјоделците

Честото користење на пестидици бе збило каква заштита, чување на животни исто така претставуваат потенцијална биолошка опасност опасна по живот. Постојат многу ризици, токму затоа на проблемот со безбедноста и здравјето на земјоделците треба да се пристапи  со добро дефинирана стратегија и истата  мора да се интегрира и во политика за рурален развој.

Еве ги најчестите ризици кои ги посочуваат добрите познавачи на состојбите:

  • Машини како например трактори, камиони и жнеалки, и алатки засечење и продупчување;
  • опасни хемикалии: пестициди, вештачкоѓубриво, антибиотици и други ветеринарни производи;
  • токсични и алергенски агенси: растенија, цвеќиња, прав, животински отпад, ракавици (хром), масла;
  • канцерогени супстанци или агенси: одредени пестициди како например арсеници и фенокси-оцетнихербициди, УВ радијација, паразитски заболувања како на пример билхарцијаза и фациолијаза;
  • преносливи животински заболувања: бруцелоза, говедска туберкулоза, хидатидн озаболување, туларемија, беснило, Лајмска болест, тенија, листериоза;
  • други инфективни и паразитски заболувања: лајшманијаза, билхарцијаза, фациолијаза, маларија, тетанус, микоза;
  • затворени простори каконапример, силоси, бунари, визби и резервоари;
  • бучава и вибрации;
  • ергономски опасности: употреба на не соодветна опрема и алатки, не природна положба на телото или пролонгирани статични држења на телото, носење тежок товар, повторлива работа, прекумерно долги часови;
  • екстремни температури заради временските услови;
  • контакт с одиви и отровни животни: инсекти, пајаци, скорпии, змии, некои диви цицачи.

Земјоделците треба доследно да се придржуваат кон препораки за безбедна и сигурна работа.

На оваа тема „Зелена берза“ разговара со Андријана Зафировска од Македонското здружение за заштита и безбедност при работа. Интервјуто  ќе биде објавено во третиот број на печатеното издание на списанието  „Зелена берза“.

 

Павлина Јовановска

за ЗЕЛЕНА БЕРЗА

Share Button