fbpx
ВестиМакедонија

Сончево и свежо

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.

Претпладне сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Моменталните температури се движат од -6 Берово, Маврово, -4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, -3 Тетово, Штип, Битола, Kрушево, Попова Шапка, -2 Прилеп, Струмица, Охрид, Претор, Демир Капија, -1 Дебар, Виница, 0 Скопје- Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 2 Дојран.

Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Слични написи

Back to top button
Close