fbpx
Вести

Високите температури ќе ги преполоват приносите на црвена пиперка

Високите температури  ќе ги преполоват приносите на  црвена пиперка на отворено во струмичко.

На неполн месец пред бербата, кај  засеаните површини  кои не се заштитени  забележани се низа заболувања  кај плодовите. Ова го потврдија и од Агенцијата за поддршка на земјоделството каде тврдат дека сушното лето и високите температури  предизвикале сериозни штети кај плодовите на куртовската капија и лозовите насади.

„Плодовите кои се изложени после 12, 13 часот на сончева радијација имаат штети, се забележуваат изгореници на самиот плод.  Имаме одредени култури кои над 32 степени  престануваат со нивната функција, со раст и развој“, изјави Стојан Глигоров, АФПРЗ.

Земјоделците потврдуваат дека имаат штети не само кај засеаните црвени пиперки на отворено туку и кај сите градинарски култури. Секојдневно се на нивите да ги наводнуваат површините заради што двојно им се зголемиле трошоците.

„Зголемени ни се трошоците“
„Пиперот има болести од жешкото“, велат жителите.

Во струмичко  црвената пиперка е застапена на околу илјада хектари чија берба треба да започне при крајот на месецов. Земјоделците стравуваат дека нивите може да останат без род доколку продолжат високите температури.


 

https://24vesti.com.mk/visokite-temperaturi-kje-gi-prepolovi-prinosite-na-crvena-piperka

24вести

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close