fbpx
ВестиТоп вести

Едукативно предавање: Современа опрема  за сточарство и начини на финансирање на истат

 

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битола организира едукативно предавање на тема „ Современа опрема  за сточарство и начини на финансирање на истата“. Предавањето е наменето за сточари и сите оние што се занимаваат со фармерско млекопроизводство.

Настанот ќе се одржи на 29 октомври (понеделник) во конференциската сала на Синпекс Битола со почеток од 11 часот. Предавањето  е во соработка со Синпекс ДОО Битола и  Бимилк.

Целта  е да се разговара за актуелни прашања кои ги засегаат сточарите. За најновите трендови и достигнувања во опремата за сточарство со акцент на млекопроизводството. Исто така ќе се говори за најповолните начини  за набавка на опрема и какви видови на кредитити, програми и грантови постојат во моментот.

На предавањето ќе има презентации за предизвиците на македонскиот фармер, за ИПАРД фондовите – можност за европско млекопроизводство како и искористување н а кредитни линии за поддршка на фармери имлекари.

Настанот ќе биде проследен со презентација на современа  опрема за сточарски фарми од турската фирма „Куртсан“.

На предавањето ќе бидат присутни  претставници од АПРЗ И АФПЗРР кои ќе одговараат на прашања од заинтересираните сточари.  Ќе присуствуваат сточари  од цела држава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close