Агро бизнисБез категоријаВести
Експерти: Да не се поставуваат фотоволтаици на плодно земјоделско земјиште
Овче Поле и Пелагонија се поставуваат фотоволтаици.
Во време кога дури 70% потребите од храна се од увоз, на плодни земјоделски површини низ државата, како што е Овче Поле или Пелагонија, се поставуваат фотоволтаици. Експертите велат дека строго треба да се внимава каде и на кои места се поставуваат ваквите системи.
„Особено онаа површина на земјиште која е од прва, втора или трета категорија, тоа е во цел свет строго забрането било што и да .да се прави на тие парцели, кои се од стратешко значење. Од четврта категорија па натаму тоа не е спорно.Јас слушам дека и за таа трета категорија се наоѓаат политички притисоци за користење“, рече Зоран Митрески-експерт за енергетика за Алсат https://alsat.mk/