Електронското купување храна не е безбедно, сигнализира анкетата на Организацијата на потрошувачи
Речиси 60 отсто од македонските граѓани (56,1 отсто) сметаат дека електронското купување храна не е безбедно, сигнализира анкетата на Организацијата на потрошувачи, која изготви и детален прирачник за безбедно купување онлајн.
Производителите на храна најчесто даваат информации исклучиво за името и нето-количеството на прехранбениот производ, а нема список на состојките или на другите детали во врска со можните алергии или нетолерантност, предупредуваат од ОПМ. Најмалку (11,5 отсто) се купуваат месо и месни производи по електронски пат
Речиси 60 отсто од македонските граѓани (56,1 отсто) сметаат дека електронското купување храна не е безбедно, сигнализира анкетата на Организацијата на потрошувачи, која изготви и детален прирачник за безбедно купување онлајн.
Од вкупниот број испитаници, 55,4 отсто се изјасниле дека не купуваат прехранбени производи онлајн, а од оние што купуваат прехранбени производи по електронски пат – најмногу купуваат безалкохолни пијалаци (33,6 отсто).
На второ место, се млекото и млечните производи и овошјето и зеленчукот (31 отсто). Како и да е, еуфоријата со купување прехранбени производи, директно од производителите, која почна во знак на револт од поскапувањата, спласна по неполн месец, а по директниот увид дека цените од земјоделците се и повисоки од оние во маркетите. А, како што веќе пишуваше „Слободен печат“, граѓаните реагираа и на фактот дека најголемиот дел од продавачите од разни села низ Македонија не праќаат по карго, односно нудат продажба само од двор. Тука е и фактот дека не се сите производи соодветни за да се праќаат по пошта, какви што се на пример теглите со ајвар, мармалад, сирупите или гајбите со јајца…
– Од извршената компаративна анализа поврзана за онлајн купување храна на територијата на Македонија и на ЕУ, може да се заклучи дека кај нас има еден куп недостатоци, односно бизнис-операторите не ги почитуваат регулаторните барања. Поконкретно, тие најчесто даваат информации исклучиво за името и за нето-количината на прехранбениот производ, а нема список на состојките или на другите детали во врска со можните алергии или нетолерантност на друга состојка во производот. Не се објавува ни количеството одредени состојки или категории состојки, сите посебни услови за чување и/или услови за употреба, името или деловното име и адресата на операторoт со храна, земјата на потекло или местото на потекло и слично – укажуваат од ОПМ.
Стручњаците предупредуваат дека треба уште време за и ние да се втурнеме во помасовни порачки на разни прехранбени производи на далечина, а голема улога во оваа насока треба да одиграат едукацијата и секако зголемениот инспекциски надзор. Инаку, според анализата на ОПМ, дури 25,7 отсто од испитаниците купуваат чоколадни и кондиторски производи, а 24,8 отсто од испитаниците се изјасниле дека по електронски пат купуваат тестенини и конзервирана храна. Само една петтина од граѓаните (21,2 отсто) се изјасниле дека купуваат леб и пекарски производи, а значи[1]телно помал број (18,6 отсто) јаткасти плодови по електронски пат. Најмалку (11,5 отсто) се купуваат месо и месни производи по електронски пат.
Неусогласените рокови за враќање на стоката ги збунуваат купувачите
И роковите и условите за враќање на производите во земјава се различни, односно нема унифицирани правила потрошувачот да ги врати производите при договор на далечина.https://www.slobodenpecat.mk/
– Правилата на нашите онлајн продавници за повлекување од до[1]говорот на далечина од страна на потрошувачот се разликуваат од ние на ЕУ. Овие правила треба да бидат изедначени и усогласени за да не создаваат забуна кај потрошувачите. За таа цел, најдобро е да се пропишат и да се применуваат правила што треба да важат еднакво, а надзорот кога станува збор за купување храна онлајн да го врши АХВ – советуваат од ОПМ.