fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ердован Исламоски-Инвестиравме во силоси за да не манипулираат мелничарите

Мелничарите си играат со жетварите, бараат квалитет додека да се оформи цената, а потоа и добрата и лошата пченица оди на ист куп, смета младиот земјоделец.

Ердован Исламоски е млад земјоделец од селото Канатларци – Прилепско, има само 26 години, а веќе е искусен во земјоделието откако десеттина години со своето семејство работи околу 100 хектари земја.

Нема достапен опис

Вреден на нивите, Ердован е образован млад човек, дипломиран економист по меѓународна економија на Универзитетот во Софија, Бугарија.

Нема достапен опис

Ја сака земјата, нивите со жито и тутун, со сончоглед, бостан, пипер, има идеи како да менаџира и инвестира во земјоделието, но смета дека државата е таа која треба да создаде поволни услови за развој на аграрот, за младите да не си одат во странство и да работат на туѓа земја.

-Од 16 години сум активно вклучен во земјоделие. Татко ми зеде голем имот за обработка, јас почнав на студии, завршив, дипломирав со надеж дека ќе најдам друга стабилна работа, ама после дипломирањето таа шанса не ми се отвори и почнавме со сериозни инвестиции во земјоделието, за сега да обработуваме стотина хектари земја. Така го наследив ‘занаетот’ од татко ми и дедо ми, тие земјоделци, јас земјоделец со диплома за меѓународна економија, вели младиот Ердован, кој до дипломата конкурирал на неколку огласи за работа, ама попусто.

Нема достапен опис

-Сметав дека со работата како економист ќе имам сигурни примања секој месец, зашто со земјоделието приходите не се сигурни, можеби кога ќе земеме поголема сума на пари чувството е добро, но се случува цела година да работиш и да вложуваш, а парите да не ги вратиш, или лош откуп или не дај Боже невреме да го ‘обере’ родот. Земјоделието во однос на приходите не е сигурно, а на фабрика друг ти го бери гајлето, смета младиот Ердован.

Нема достапен опис

Нивите што ги обработува семејството Исламоски најголем дел се во атарот на Канатларци, по околу 10 хектари во атарот на Долно Српци и Беровци. Како вистински земјоделци, Исламоски ја имаат потребната механизација  четири трактори, комбајн и се што им треба од помошна механизација за секоја една земјоделска операција.

Нема достапен опис

-Преку ИПАРД во вредност од 25 илјади евра ја чекаме новата механизација, (приколка, валјак, подривач) обновуваме дел од приклучната механизација. Мора да се вложува за да се оди напред во земјоделието, смета младиот земјоделец.

Под пченица се околу 50 хектари од нивите на Исламоски, 35 хектари под сончоглед, 10 хектари под тутун и останатото со бостан и пипер. Ердован смета дека додека да се оформи цената на пченицата, мелничарите манипулираат со квалитетот на родот. Ова семејство годишно произведува од 180 до 200 тони пченица.

-Годинава и квалитетот на пченицата и приносите ќе бидат добри. Од еден хектар очекуваме просек од 4 тони пченица, очекуваме цената да биде 13 до 14 денари од кг, тоа е исплатлива цена, но за жал според се она што се случуваше изминатите години таа цена е невозможна, па најверојатно ќе ни биде понудена пониска цена, која не е рентабилна. Никако да го преминеме прагот од 10 денари за кг , а со таа цена не можеме да опстанеме како земјоделци. Едноставно не можеме да ги разбереме мелничарите, еднаш велат дека ценат по квалитет, но тоа е само првата недела од жетвата, после тоа кога ќе се оформи цената ништо не гледаат, па и пченицата со добар квалитет и онаа лошата одат на еден куп, за жал. Иста цена и за едната и за другата пченица, критикува Ердован.

Нема достапен опис 

Инвестиција во силоси

Семејството Исламоски како голем производител на пченица веќе инвестира во сопствени силоси.

-Имаше година кога не ни ја откупуваа пченицата, ја складиравме дома ама изгубивме на квалитет и на квантитет, на цена, се соочивме со уцени, затоа се одлучивме да инвестираме во силоси со капацитет од 350 тони. Сега житото го складираме дома, па ќе правиме пазар, што ќе продаваме, што ќе чуваме дома до подобри времиња. Значи инвестицијата во силоси се исплаќа, зашто земјоделците имаат најголеми проблеми во време на жетвата, бидејќи нема каде да го складираат родот, а еден денар плус да продадеш на голема количина е добивка за земјоделецот, смета Ердован.

Нема достапен опис

Што се однесува до откупот на сончогледот, Исламоски смета дека таму ситуација е подобра, лани за килограм добиле 20 денари на откуп, цена за која смета дека е задоволителна, без проблеми околу складирањето и исплатата. Од еден хектар произведуваат до 2 тони сончоглед.

Нема достапен опис

За жал, како и грото тутунари и Ердован годинава помина тежок откуп со тутунот со просечна цена од 160 денари за килограм, бидејќи најголем дел од родот му бил откупен во трета класа. Бостанот за секој земјоделец е како ‘лото’, вели младиот Ердован бидејќи никој не знае да ќе собере лубеници за продажба или ќе ги ‘собере’ градот, па ќе останат на нива.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Накрај Ердован на младите кои живеат во руралните средини им порачува ако имаат услови да почнат да работат земјоделие, зашто со работа и добра организација може да се живее домаќински, оти и во странство да замине млад човек треба да биде сигурен и обезбеден, патот која треба да го изодат не  е лесен во туѓина.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Анета Блажевска

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close