fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Дополнителни три денари за откупот на јаболка и ориз

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со овие средства ќе се излезе во пресрет за да се надминат проблемите при откупот.

Владата на денешната седница одлучи со дополнителни три денари да го помогне откупот на јаболка и ориз.

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со овие средства ќе се излезе во пресрет за да се надминат проблемите при откупот.

-На денешната седница се донесоа и мерки кои треба да помогнат во пробпемите на откупот на јаболко и ориз, односно дополнителни три денари за откупот на јаболко и ориз во првите месеци од годината. Продолжуваме постојано да носиме нови мерки, рече Николовски.

Тој рече и дека на седницата поминале измените во Програмата за директни плаќања со што се праќа порака за договорно производство на сончоглед.

-Субвенциите сега се врзуваат со условот и доказот производството да е предадено во домашни преработувачки капацитети, рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close