fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Есенска подготовка на зачинските растенија

Подготовката на зачинските билки за зима не е лесна задача, бидејќи секоја билка различно го поднесува студот. Некои повеќегодишни  билки ќе презимат  со минимална заштита, додека понежните може да не го преживеат првиот мраз. Овде можете да дознаете како можете да им помогнете. Постојат 4 основни работи што треба да се имаат предвид: хранење, наводнување, режење и мулчирање.

Прихрана

Никогаш не ги прихранувајте  билките  после  август. Доцното хранење всушност ги стимулира растенијата да произведуваат млади изданоци што не можат да ја преживеат зимата.

Наводнување

 

Наводнувајте ги растенијата на крајот на летото и есента бидејќи се подложни на оштетување од ладното време. Ако зимата е сува, растенијата имаат корист од повремено наводнување, се разбира, кога почвата не е замрзната.

 

Режење и мулчирање

Многу повеќегодишни зачински билки успешно ги поднесуваат  ниските температури, како што се нане, маточина, оригано, лаванда. За повеќето им е потребно  правилно режење, до висина од 10 см.Сепак, дури и овие растенија имаат корист од еден слој мулч. Нанесете 5-6 см природен мулч, како што се сецкани лисја, слама, кора од дрвја. Некои експерти советуваат  мулчирањето да не се применува пред првото замрзнување на почвата бидејќи тоа може да има контра-ефект врз растенијата. На пролет задолжително треба да се отстрани мулчот.

 

На некои видови повеќегодишни растенија, како што се  рузмаринот  и ловорот, потребна им е   дополнителна помош за да ја преживеат зимата. Растенијата треба да се изрежат  скоро до  земја, а потоа да се покријат со мулч. Можете исто така може да се додаде слој од зимзелени грмушки што се изрежени во есен за да ги  заштитат растенијата од суровата зима.

 

Едногодишните билки како копар и коријандер опстојуваат само една сезона, а првиот мраз ќе ги уништи. Нема ништо што можете да направите за нив, но барем можете да ги отстраните мртвите растенија од почвата каде што биле засадени.

 

Ако сте загрижени дека повеќегодишни зачински билки  нема да ја преживеат зима, треба да знаете дека многу од нив можат многу добро да напредуваат во затворено. На пример, можете да засадите магдонос или босилек во есен и потоа да ги пресадите на пролет. Ова ќе ви овозможи да користите свеж зачин во текот на целата година.

 

Извор: Gardeningknowhow

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close