Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунски комбинат го исплати откупениот вишок на тутун, пишува Нова Македонија

Според директорот Кире Станкоски исплатени се околу 70 милиони денари за откупени 706 тони вишок на тутун, по барање на државата.

Тутунскиот комбинат од Прилеп денеска им ги исплати парите на тутунопроизводелите за откупениот вишок на тутун. Според директорот Кире Станкоски исплатени се околу 70 милиони денари за откупени 706 тони вишок на тутун, по барање на државата.

Напоредно со овие активности се евидентираат површините за засадење на тутун од годинашната реколта, по што ќе следат договорите со тутунарите кои ќе бидат нивни кооперанти. Тутунскиот комбинат планира и годинава да склучи договори со тутунопроизводители како и ланската година и со исто приближна површина. Директорот Станкоски вели дека Тутунскиот комбинат како откупувач понудил цени за откуп на тутунот од годинашната реколта.

– Престојат преговори и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со здруженијата на тутунарите за да постигнеме договор кој ќе им оди во прилог на двете страни – вели Станкоски.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close