„Есенските бои преточени во валандовските плодови“ на плоштад во Валандово
„Предизвици во земјоделието како резултат на климатските промени“.
Настанот „Есенските бои преточени во валандовските плодови“ денеска ќе се одржи на плоштадот во Валандово.
На настанот, организиран од наставници и ученици од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, ќе бидат промовирани валандовски земјоделски плодови, производи од домашните брендови одгледани и изработени на традиционален македонски начин.
Во рамките на овој настан, ќе се одржи и панел-дискусија, од 11 до 12 часот, на тема: „Предизвици во земјоделието како резултат на климатските промени“.
На панел-дискусијата ќе говорат универзитетската професорка Виолета Димовска, од Земјоделски факултет при УГД Штип, Горан Колев, експерт за пчеларство, Ѓорге Арнаудов, стопанственик и претседател на националната асоцијација: Мрежа на земјоделски задруги и универзитетскиот професор Ордан Чукалиев од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Извор: МИА