fbpx
Вести

ЕУ дава 2 милиони евра за постојните и за создавање нови земјоделски задруги

zemj

Задругарите бараат измени во законот за подобри услови за работа во новите задруги. Пример се даноците кои за нив се двојно поголеми од другите земјоделци и наместо 10 подлежат на 20 процентно оданочување.

Зголемувањето на пазарната конкурентност и на соработката меѓу земјоделците во Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги ќе се поддржува со 2 милиона евра од Европската унија.

Целта е со 20 нови грантови да се поттикнат земјоделците кои сакаат да формираат нови задруги и да учествуваат во проектни и обуки за развој на на бизнис планови.

Финансиската поддршка од Унијата ќе помогне да се подготват измени на законите поврзани со земјоделските задруги за мерките на нивна поддршка, како и нивното формирање и функционирање.

Во регистарот досега се запишани 39 земјоделски задруги, од кои седум се од голем обем, со најмалку 20 членови, а останатите 32 се од мал обем, со најмалку 10 до 19 членови.

Во Европа бројот на задруги изнесува 51.000, од кои 20.000 се во Европската Унија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close