fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ЕУ најавува царини за увозот на јајца од Украина

Бранот евтин увоз ги загрижи европските земјоделци и предизвика бран жестоки протести во земјите на Европската унија

Европската комисија во следните две седмици ќе воведе царини за увозот на јајца од Украина поради искористените квоти, изјави портпаролот на Европската комисија.

Европската унија го либерализираше увозот на земјоделски производи од Украина за да го намали притисокот од руската инвазија врз украинската економија, забележува Reuters.

Меѓутоа, бранот евтин увоз ги загрижи европските земјоделци и предизвика бран жестоки протести во земјите на Европската унија, па Комисијата ги ограничи украинските пратки на живина, шеќер, жито и мед.

Во вторникот, Брисел соопшти дека ќе воведе царини за увоз на овес, откако украинските земјоделци ги потрошија своите квоти.

ЕК сега подготвува царини и за увозот на јајца, по поплаките од европската индустрија дека поевтиниот увоз од Украина го спречи закрепнувањето на производството од кризата предизвикана од птичјиот грип.

Европскиот увоз на јајца од Украина минатата година скокна за 75 отсто, а трендот на пораст продолжи и на почетокот на 2024 година, покажуваат европските податоци. Во моментов Украина е главниот снабдувач на јајца во ЕУ.

Украинското Министерство за земјоделство одби да го коментира соопштението за европските царини, а здружението на производители не било веднаш достапно за коментар на барање на Reuters.

Украина на крајот од мај објави дека ќе го забрани извозот на шеќер во ЕУ до крајот на годината поради искористените квоти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close