fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-итна исплата на сите заостанати субвенции, мерки и подмерки, ковид пакетите за лозарите и тутунарите

Земјоделците ќе ги информираат странските амбасади во нашата државата за состојбата во земјоделието.

По вчерашниот состанок и одлуката за протест на земјоделците на 12 јули, обраќање на Игор Мирчески координатор на новоформираните земјоделски здруженија.

Почитувани земјоделци!

По вчера одржаниот состанок на Земјоделски здруженија и нивни преставници е одлучено на ден 12 07 2021 година да се одржи предупредувачки протест во Прилеп.

Барањата кои ги упатуваме до надлежните институции се – веднаш исплата на сите заостанати субвенции, мерки и подмерки, ковид пакетите за лозарите и тутунарите. За ова и во писмена форма ќе бидат известении Владата и МЗШВ. Исто така на средбата беше повторно актуелизирана лошата состојба на земјоделците во сите сектори и немањето на јасна визија и стратегија и целокупно немање на аграрна политика во државата. Имајќи предвид дека се уште ги трпиме последиците од ковид кризата бараме за оваа тековна година Владата како една од мерките кои треба под итно да ги преземи е ослободување на земјоделците од закуп на државно земјиште, ослободување од пашарина, ослободување од давачки за одводнување и наводнување како и изземање на даноци кој по разни основи ги оптоваруваат земјоделците.

Доколку надлежните и понатаму не ги исполнат нашите барања ќе пристапиме во организација на масовни земјоделски протести и испраќање на писма до странските амбасади во државата со цел да ги запознаеме во каква ситуација се наоѓаме како сериозно бројна категорија во општеството.

Со почит Игор Мирчески координатор на новоформираните земјоделски здруженија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close