fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Еуростат: Повеќе од третина од населението во Македонија под ризик на сиромаштија

Евентуалната енергетска криза, ковид пандемијата и неизвесната политичка состојба во земјава предизвикува неизвесност и кај граѓаните.

Евентуалната енергетска криза, ковид пандемијата и неизвесната политичка состојба во земјава предизвикува неизвесност и кај граѓаните. Стравуваат дека актуелната ситуација ќе удри по нивниот џеб уште во текот на претсојната зима. Очекуваат повисоки трошоци во услови на исти примања и мерки кои би ја амортизирале евентуална економска криза.

Стравувањата на граѓаните ги подгрева и анализата на порталот Еурактив кој повикувајќи се на податоци на Евростат за 2020 година, објави дека околу 35 проценти од граѓаните во Македонија се под ризик на сиромаштија. Дел од експерите во земјава не се согласуваат целосно со ваквиот параметар, сметаат дека процентот на сиромаштија не е толку висок, но дека голем дел од граѓаните ќе имаат проблем да врзат крај со крај.

-Многу ќе биде тешко да ја протуркаат зимата, затоа што зимата носи дополнителен трошок, а тоа е трошокот на греење, безразлика на се останато тие во зимскиот период ќе мора да се откажат од нешто за да можат барем делумно да го дополнат загревањето на домовите. Има податоци кои што дека секој 4ти граѓанин не го затоплува соодветно својот дом, воопшто не го затоплуваат или затоплува дел од него и тоа по цена да мора да се откаже од количината на храна или веројатно некое друга потреба во домаќинството, вели Билјана Дуковска – Претседателка на платформа против сиромаштија во Македонија.

Дуковска вели дека најважно за луѓето кои што живеат во сиромаштија е системот за социјална заштита да ги поддржи за да станат активни на пазарот на труд и со тоа да заработуваат, а не да бидат на ниво на помош и поддршка која што ќе ги држи на дното додава таа.

Според анализата на Евростат која што ја пренесе Еурактив, Албанија е под најголем ризик од сиромаштија и социјална исклученост во регионов со 51%, веднаш потоа следи Црна Гора со 40% од популацијата, па Турција со 38%. Македонија е на четврто место.https://kanal5.com.mk/eurostat-povekje-od-tretina-od-naselenieto-vo-makedonija-pod-rizik-na-siromashtija/a501617

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close