fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше земјоделците и како власт и како опозиција, СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделството

СДСМ со реакција на изнесени ставови на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години како власт ги манипулираше и лажеше земјоделците,  денес тоа го прави и како опозиција, работејќи на штета на земјоделството како една од клучните стопански гранки.
Вистината е друга од она што денеска го тврди Цветан Трипуновски. А  токму таа вистина е болна за ВМРО-ДПМНЕ.
Факт е дека Владата предводена од СДСМ исплати субвенции што ВМРО-ДПМНЕ ги должеле од 2011 година. Рекордни трансфери на субвенции има за 2019 и 2020 година.
Вкупно се исплатени над 15 милиарди денари. Како никогаш досега субвенциите се плаќаат за една календарска година и тоа кога им се најпотребни на земјоделците. Без разлика на последиците од Ковид пандемијата дополнителни средства беа обезбедени за лозарите и тутунарите.
Само минатиот месец се исплатени над 3 милјарди денари за субвенции, нешто што беше незамисливо во време на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи вистинска грижа за земјоделците, нешто што СДСМ во континуитет го покажува во овие четири години.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close