fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Европа и Централна Азија дискутираат за решенија за промовирање на одржливи земјоделско-прехранбени системи , Министерот Хоџа ја потенцираше важноста на одржливост на руралните средини, привлекување млади во земјоделството и олеснување на развојот на бизнисот во руралните области

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Арјанит Хоџа, денеска се обрати на една од клучните сесии на Конференцијата на тема „Решенија за младите, вработувањето и развојот во руралните области во контекст на Декадата на ОН за семејно земјоделство која претстави анализа на ситуацијата на малите земјоделски стопанства, семејните фарми и младите во земјоделството, вклучително и преглед на стратегиите што можат да ги ревитализираат руралните области во регионот на Европа и Централна Азија.Министерот Хоџа истакна дека во однос на целокупниот напредок на економијата на земјата, земјоделството и руралниот развој се клучни елементи во пристапувањето на Република Северна Македонија кон Европската унија, информираат од министерството.

-Македонскиот земјоделски сектор го преставуваат претежно мали земјоделски стопанства и семејни фарми, чиј главен предизвик е расцепканоста на земјиштето, што е лимитирачки фактор да се постигнат стандардите и да се обезбеди количина потребна за пристап до меѓународните пазари. Според студијата на ФАО за малите земјоделски стопанства и семејните фарми која ја опфати и Република Северна Македонија, тие се сметаат за важен дел од решението за постигнување сигурност на храната, намалување на руралната сиромаштија и одржливост на животната средина. Семејните фарми не се во можност сами да го реализираат својот потенцијал за одржлив развој, истакна Хоџа и додаде дека “тие треба да бидат поддржани преку соодветни национални политики за рурален развој што ќе им овозможат да прераснат во успешни локални агробизниси кои ќе заземат водечка улога во развојот на локалните заедници”.

Хоџа додаде дека Владата на Северна Македонија има поставено амбициозна агенда и ќе преземе сериозни интервенции за да создаде можности за вработување на младите и воопшто подобри услови за живот на руралното население, вклучително преку овозможување подобар пристап до земјиште и пристап до кредит за младите и семејните земјоделци, зголемување на инвестициите во инфраструктура и ревитализација на селата.

 

Слични написи

Back to top button
Close