Пошумени два хектари со 4.000 садници во Коњаре

(Oвој напис е објавен на: March 1, 2019)

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Јавното претпријатие „Македонски шуми“ денеска извршија пошумување во Коњаре, согласно Планот за чист воздух на Владата.

„Со овие активности придонесуваме за здрава животна средина, што е најбитно за квалитетен живот на граѓаните на Република Северна Македонија. Во наредниот период носиме низа мерки и политики, преку коишто ќе дадеме силна поддршка на секторот шумарство“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На површина од 2 хектари се засадија 4.000 садници од багрем, даб, јасен и аризонскичемпрес.


 

makfakx.com.mk

Share Button