fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Европјаните почнаа да купуваат леб и по 10 евра

Последната информација е од  Италија каде според пишувањата лебот поскапел до 13 пати.

Инфлацијата и војната во Украина, покрај цените на гасот и струјата, доведуваат до поскапување на брашното, житариците и пченката. Во речиси сите европски земји има значаен раст на цената на овие производи, а Европјаните почнаа да купуваат леб и по 10 евра. Последната информација е од  Италија каде според пишувањата лебот поскапел до 13 пати. Просечната цена на лебот е 5,31 евро за килограм, но некаде достигнува и до 10 евра, што е рекорден пораст во Италија.

По само една недела од војната во Украина, цената на пченката во Италија, која увезува дури 64 отсто пченица, се зголеми за 17 отсто, а сојата за исхрана на животните за шест отсто. Ова е анализа на Coldiretti (најголемото здружение за застапување и помош на италијанското земјоделство) врз основа на анализата на Чикашката берза која е светска референца за трговија со земјоделски производи.

Она што доведува до овие зголемувања е затворањето на пристаништата на Црното Море, што ги спречува испораките и создава недостиг на светскиот пазар, каде Русија и Украина заедно држат 29 отсто од извозот на пченица и 19 отсто од пченката.

Состојбата директно ја погодува Италија, која увезува дури 64 отсто пченица за производство на леб и 53 отсто пченка која и е потребна за прехранување на добитокот, покажува анализата на Колдирети.

Исто така, таа анализа покажува дека Украина е втор најголем снабдувач на пченка во Италија со учество од нешто повеќе од 20 отсто, но гарантира и пет отсто од националниот увоз на пченица.

„Ова е момент на голема неизвесност поради војната во Украина. „Ќе се обидеме да не го пропуштиме лебот на трпезите на Италијанците и се надеваме дека пекарите нема да ги зголемат цените, со оглед на тоа што знаат низ што поминуваат семејствата“, изјави Матео Кунсоло, претседател на Здружението на пекари на Милано и неговата околина.

Во Италија килограм тестенини чинеа две евра, а сега достигнуваат 4,71 евра.

Имаше информации дека во Милано еден леб чини 8 евра, а во ноември лани чинеше 4.50 евра.

Еве ги цените на килограм леб во Грција:

Олимпија – 2,60 евра

Милош – 2.50 евра

Серес – 2.40

https://faktor.mk/lebot-vo-italija-stasa-do-10-evra-vo-grcija-do-260-evra-giroto-poskapelo

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close