fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Со стадо од 4.000 овци и 50 коњи убаво се живее – приказната на Насер Џемаили

Насер Џемаили од Тетово, по струка технички ветеринар, а наскоро и правник, со сточарство се занимава од мали нозе.

„Сточарството ни е фамилијарен бизнис, јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум и покрај големите пречки да продолжам да ја развивам фармата. Пред четири години почнавме да се занимаваме и со рурален туризам, отворивме коњички клуб и организираме тури со коњи низ цела Шара“, вели Насер.

Фармата на Насер и неговото семејство, „Биофарма 1 Мај“, брои 4080 овци и повеќе од 50 коњи и, како што вели Насер, е единствена во Македонија што има толкав број овци. На фармата, освен членовите на семејството, имаат и 25 вработени.

Го прашавме Насер со какви проблеми и искушенија се соочува при одгледувањето на овците.

„За жал трлата во коишто ги чуваме изградени се од поодамна и полека со текот на времето ја губат својата можност максимално да можеме да ги употребуваме. Токму овде државата треба да обрне поголемо внимание со помош. Ги храниме со органска храна, но бидејќи не успеавме да земеме државна земја, храната за овците ни излегува многу скапа“, вели Насер.

Насер ги повикува сите млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство да не се двоумат и да почнат веднаш, бидејќи, како што вели, сите сме почнале од некаде, а сточарството сега ни е профитабилен бизнис.

. https://agrotim.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close