fbpx
Вести

Европска поддршка за имплементација на инвестиции за отпадни води и заштита на животната средина

vodi

Веќе неколку години наназад, Европската Унија обезбедува значајни инвестиции за поддршка на подобрувањата во секторот животна средина.

Проектот „Подготовка на студии (ФС, ОВЖС, ЦБА), проектна документација и тендерски досиеа за инвестициски проекти за собирање и третман на отпадните води во општините Струмица, Битола и Тетово“ за кој Европската Унија издвои над 3.2 милиони евра од ИПА буџетот, сега се приближува кон неговото завршување.

Целта на овој проект беше да обезбеди придонес за подобрување на инфраструктурата за отпадни води и условите за живот како и заштита на животната средина во општините Струмица, Битола и Тетово.

Во текот на имплеметцијата на овој ЕУ проект, Консултантот досега ги заврши Мастер плановите за агломерациите на отпадни води во Струмица, Битола и Тетово, Физибилити студијата за инвестициски проекти за оптадни води во Струмица и проектна и тендерска документација за Пречистителна станица за отпадни води во Струмица.

Врз основа на комплетираната проектна документација, изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Струмица е започната.

Подготовката на физибилити студијата за инвестиции во отпадни води во Битола и Тетово, подготовката на Нацрт проектите и тендерската документација за станици за третман на отпадни води во Битола и Тетово, на основните проекти и тендерската документација за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Битола и Тетово исто така се во напредна фаза и ќе бидат завршени до крајот на проектот во Март 2017 година.

По завршувањето, ќе биде достапна проектната документација за три модерни пречистителни станици за отпадни води со вкупен капацитет од 260,000 Е.Ж., и за 80 км нова канализациона мрежа. Повеќе од 240,000 жители на општините Струмица, Битола и Тетото ќе имаат корист од овие инвестиции. Имплементацијата на проектот ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на водата во реките и ќе има позитивно влијание на регионалниот економски развој во општините учеснички.

Проектот „Подготовка на студии (ФС, ОВЖС, ЦБА), проектна документација и тендерски досиеа за
инвестициски проекти за собирање и третман на отпадните води во општините Струмица, Битола и Тетово“ е имплементиран од страна на NIRAS A/S и неговите партнери во конзорциумот.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close