fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

ПЛАТИТЕ ЈА ГУБАТ ВРЕДНОСТА, растот на просечната е ирелавантен, неопходни се мерки за зачувување на животниот стандард

Ако платата на работникот се зголемила, но цените на стоките и услугитесе повишиле повеќе од платата, тогаш неговата реална плата не се зголемила,туку се намалила. 

Статистика повторно евидентира раст на просечната плата, ама граѓаните негодуваат околу овој податок. Голем дел прашуваат како може да расте просекот кога платите со години остануваат исти. Дополнително уште поголем товар е инфлацијата, поради која драстично се намалува нашиот животен стандард. Дилемата која се наметнува со евидентирањето на просечната плата е колу истата е одраз на примањата и можностите на граѓаните. Но, и дали просечната плата е вистинскиот приказ за примањата на мнозинството или не?

Економистите за „Фактор“ укажуваат дека дополнителен проблем кој се наметнува со инфлацијата, осносно поскапувањето на производите во малопродажба е намалувањето на вредноста на реалната плата.

Економистот Здравко Савески појаснува дека граѓаните мора да прават разлика помеѓу номиналната и реалната плата. Савески дополнува дека номиналната плата е износот на пари што го добиваат работниците за извршената работа. Додека пак, реалната плата е колку стоки и услуги можат да се купат за тие пари, колку вредат парите што ги заработиле. Тој потенцира дека токму во услови на инфлација, како што ни се случува сега номиналната плата губи важност како мерило за повишувањето на платите.

– Ако платата на работникот се зголемила, но цените на стоките и услугитесе повишиле повеќе од платата, тогаш неговата реална плата не се зголемила,туку се намалила. Важно е што Заводот за статистика почна да објавува податоци за просечната реална плата. Па така, иако просечната номинална плата во септември 2022 се зголемила за 13 отсто, тоа е тотално ирелевантно за работникот што ја земал таа плата, бидејќи неговата реална плата во истиот период паднала за 5 проценти – укажува Савески.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close