fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се жалиме дека храната е скапа и пак фрламе храна

Има семејства кои дневно фрлаат храна во вредност од 50 денари, месечно тоа се 1.500 денари, а годишно се 300 евра, вели Душко Христов од Банка за храна

И покрај тоа што македонските граѓани се жалат на лошата материјална состојба, сепак многу семејства фрлаат храна. Но, храната можеме порационално да ја користиме.

Душко Христов од Банка за храна Македонија веќе 13 години работи на ова поле, помага за обезбедување оброци за сиромашните и вели дека треба да купуваме храна онолку колку што е потребно.

„Треба да купуваме храна колку што е неопходно. Ако имаме 500.000 семејства, 100.000 семејства да речеме можат да си дозволат да купат повеќе храна. Има семејства кои дневно фрлаат храна во вредност од 50 денари, месечно тоа се 1.500 денари, а годишно се 300 евра“, рече Христов.

Нутриционистот Фани Гулевска вели дека треба да внимаваме на количината на храната која ја купуваме, да не биде тоа премногу, па да се расипе и да мораме да ја фрлиме, но и да се обрне внимание на рокот на производите.

„Треба да се види до кога е рокот на производот, да не биде потоа да фрлиме производ кој не е ни отворен. Остатоците од храна не треба да се фрлаат, туку да бидеме креативни, да ги замрзнеме, да ги употребиме  во некое друго јадење. Ако ни останало месо, можеме да го замрзнеме и да го употребиме за некоја манџа. Постарите генерации така правеле. Треба да си правиме список, план за тоа што ќе имаме за појадок, ручек, вечера. Денес многу од младите поради брзиот начин на живот веројатно не знаат  која храна смее да се замрзне, колку може да стои, но можеме онлајн да се едуцираме. Исто, наместо да купуваме брза храна, можеме да готвиме дома, но некако брзото темпо на живот наметна да немаме време да го правиме тоа и да се жалиме дека сè е скапо. Да, сè е скапо, но можеме да бидеме рационални и со храната“, објаснува Гулевска.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close