Европските пиварници, големи и мали, стравуваат од катастрофален пад на приходите во наредните месеци.
Баровите се затворени, откажани се концерти и натпревари и сето тоа ја намали потрошувачката на пиво.
– Кога е убаво времето надвор, продавате пиво – вели Максим Костил, претседател на француското здружение на пивари.
Франција е позната по своите вина, но продажбата на пиво е во пораст во последните години.
Дури и доминантните европски пиварници веќе страдаат од недостаток на продажба на пиво во баровите и рестораните, но поради серија откажани летни фестивали, концертни турнеи и други настани во потоплите месеци, најлошото допрва доаѓа.
Холандскиот гигант „Хајнекен“ веќе бележи пад на продажбата од два проценти во првиот квартал годинава.
– Очекуваме уште поголемо негативно влијание во вториот квартал – велат од фабриката.
Најголемата германска пивара „Радебергер“ предупредува дека купувањето пиво во супермаркетите за домашна употреба воопшто не може да ги надомести огромните нарачки од професионалци.
– Се сомневаме дека ситуацијата нема да се подобри во наредните недели – рече портпаролката на компанијата.