fbpx
ВестиТоп вести

Во Битола се одржа „Тракторијада“ 2018

 

Денес во Битола се одржа Регионалната манифестација „Тракторијада“ 2018. Целта на Манифестацијата е да се мотивираат заинтересираните страни за нови пристапи кои ќе понудат разновидност на  економските активности, примена на кративни пристапи за нови форми на производство, ангажман на локална работна сила и одржлив развој на заедницата.

Организатор на манифестацијата е Движење за околината МОЛИКА од Битола, а  во соработка со Здружение за едукација на земјоделци Зелена Берза и СИНПЕКС ДОО Битола . Настанот финансиски го поддржа Министерството за земјоделство шумарство и водостопнаство преку програмата за рурален развој.

Вообичаено тракторијадата се организира на отворен простор, но заради ниските температури, настанот се одржа во конгресната сала на СИНПЕКС Битола.

На денешниот настан учествуваа 14 учесници, компании и поединци чија дејност некако е поврзана со земјоделството.

„Овие  манифестации се позитивно оценети  од страна на земјоделските стопанства, затоа што нудат можност да се промовират со своите активности, новитети и технологии.  Исто така може да  ги видат можностите кои ги нудат не само европските туку и македонските фондови. Битно е тоа да го направат оти има институции кои помагат во насочувањето и советувањето, како што е   од една страна здружението  Зелена берза а друга е АПРЗ која има можност да го советува земјоделецот. Тука се и други институции кои нудат можности кои не се директно поврзани со земјоделството“, изјави за Зелена берза Петар Андонов претседател на еколошкото друштво Молика.

Ваквиот тип  на средби ќе обезбеди неопходни информации и насоки за преземање на подготвителни мерки за иницирање на пристап кон руралниот развој, што е неопходно на патот за приближување кон стандардите и политиките на ЕУ.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

Слични написи

Back to top button
Close