fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози

Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија, информира АМСМ

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични написи

Back to top button
Close