Евтиното украинско жито од Украина направи големи проблеми во ЕУ
Првичниот план беше транспорт на жито од Украина преку членките на ЕУ за продажба на светскиот пазар, главно за Блискиот Исток и Африка, но поради „тесните грла“ во транспортот, дел останаа во транзитните земји, што создаде притисок за намалување на цените.
Полска и Унгарија на 15 април одлучија да забранат увоз на жито и друга храна од соседна Украина за да ги заштитат нивните земјоделски сектори, со образложение дека увозот на украинско жито ја урива цената на нивните пазари. Словачка им се придружи, а истото го сторија и Бугарија и Романија.
Како што пишува „Индекс.хр“, првичниот план беше транспорт на жито од Украина преку членките на ЕУ за продажба на светскиот пазар, главно за Блискиот Исток и Африка, но поради „тесните грла“ во транспортот, дел останаа во транзитните земји, што создаде притисок за намалување на цените.
Така, за помалку од една година ЕУ од проблемот со голем скок на цената на пченицата премина на спротивен проблем, па Брисел одвои средства за обештетување на земјоделците во Полска, Романија и Бугарија.
Евтиното жито и други земјоделски производи од Украина ги преплавија Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија
Земјоделците ги прозиваат производителите на брашно дека ја мешаат поевтината пченица од Украина со домашната пченица, а производот го декларираат како целосно да е добиен со мелење домашна пченица. Бидејќи дополнителните количества не можат доволно брзо да се извезат низ пристаништата поради недостиг на капацитет, пченицата од Украина се става во силоси, што го зафаќа капацитетите на домашните земјоделци.
Триесет милиони евра помош од ЕУ е наменета за Полска, Бугарија треба да добие 17 милиони, а Романија 10 милиони евра. Парите ќе бидат уплатени во државните буџети со што средствата ќе се префрлат на земјоделците. Предвиден е и втор пакет помош, кој треба да биде објавен во наредните денови.
Пченицата се транспортира по таканаречените „солидарни патишта“, кои се обидуваат да го заменат извозот преку Црното Море, што е традиционален пат за извоз на пченица и други прехранбени производи од Украина во Африка и Блискиот Исток.
Египет, Етиопија, Нигерија, Мароко, Индонезија и Пакистан увезоа пченица во вредност од милијарди долари во 2021 година и до одреден степен зависат од непрекинатиот проток од Украина за да го прехранат своето население. На почетокот на војната во Украина, овој транспорт беше загрозен, а извозот преку Црното Море стана ризичен.
„Солидарните патишта“ кои минуваа низ членките на ЕУ донекаде го решија проблемот, но ненадејниот наплив на сообраќај доведе до бројни логистички проблеми. Складирањето, транспортот, локалната инфраструктура и домашните пазари се под голем стрес, што ги налути земјоделците.https://republika.mk/