ФАО: Цените на храната нагло се зголемија во септември
Цените на храната, четврти месец по ред, во септември се зголемија на светските пазари, предводени од големото поскапување на растителните масла и житарките, соопшти Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на ФАО за цените на храната во кошницата за основни прехранбени производи во септември се зголемил за пет проценти од ревидираната вредност во претходниот месец, на просечни 97,9 поени.
Минатиот месец најмногу се зголемиле цените на растителните масла, за шест проценти во споредба со август, достигнувајќи највисоко ниво во осум месеци благодарение на зголемената побарувачка за увоз на палмино масло и пониските резерви во Малезија.
Многу се зголемија и цените на сончогледовото масло, најмногу поради влошените изгледи за принос во регионот на Црното Море.
Цените на житарките скокнаа и за 5,1 процент, предводени од наглиот пораст на цените на пченицата поради зголемената побарувачка водена од загриженоста за производството на јужната хемисфера и сушата што негативно влијае на сеидбата на зимската пченица во Европа.
Во споредба со септември минатата година, цените на житарките се зголемени за 13,6 проценти.