fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Наредната недела средба на Хоџа со производителите и откупувачите на пченица

Заедничка тема за дискусија ќе биде производната цена на чинење на пченицата, како и откупната цена на пченицата за оваа година

Денеска во просториите на МЗШВ, одражав состанок со претставници на Федерација на Фармери – производителите на пченица, на кој се дискутиравме за тековната жетва и престојниот откуп на пченицата, односно за движењето и ниската откупната цена на пченицата, објави министерот за земјоделие Арјанит Хоџа.
-Заедно се согласивме дека е потребен уште еден состанок, кој би го одржале наредната недела, во проширен состав и на кој освен производителите ќе бидат поканети и откупувачите на пченица, претставници од Стокови резерви, претставници од Стопанска комора и од Министерство за економија.
Заедничката тема за дискусија е производната цена на чинење на пченицата, како и откупната цена на пченицата за оваа година, смета Хоџа.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close