ФАО ќе одржи работилница за јакнење на капацитетите на Агро метеоролошкиот сектор
Во среда, 26 септември, 2018 година, со почеток во 10:30 часот, во Винарија Стоби во Градско ќе се одржи работилница за презентација на резултати од Проектната компонента реализирана од Управата за хидрометеоролошки работи со финансиска и техничка помош од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО): “Јакнење на капацитетите на агрометеоролошкиот сектор за одговор на климатските промени“.
Проектната компонента е дел од проектот “Намалување на ранливоста на земјоделството кон климатски промени”, финансиран од ФАО, кој се спроведе во периодот 2016-2018 година заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Управата за хидрометеоролошки работи, средните земјоделски училишта, граѓанскиот сектор и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Целта на работилницата е да се претстават достигнувањата и да се идентификуваат идните потреби зазајакнување на агро-метеоролошкиот сектор. Ќе присуствуваат претставници од Министерството заземјоделство, шумарство и водостопанство , Управата за хидрометеоролошки работи, ФАО, Агенцијата заподдршка и развој на земјоделството, организациите на земјоделци и граѓанските здруженија.