ФАО: Намалени се глобалните резерви на житарки
FАО предвидува производство поголемо за 9 милиони тони и сега вкупната бројка е 2.774 милиони тони, што сепак е за 1,3 отсто помалку од претходната година.
Во неодамнешниот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FАО), објавени се очекувањата за светското производство на житарки. Податоците се уште се собираат и анализираат, а FАО предвидува производство поголемо за 9 милиони тони и сега вкупната бројка е 2.774 милиони тони, што сепак е за 1,3 отсто помалку од претходната година.
Најголем дел од нагорната ревизија се однесува на оризот и во помала мера на крупнозрнестите житарки.
Прогнозата за глобална искористеност во 2022/23 година е речиси непроменета овој месец. Таа изнесува 2.780 милиони тони, што е пад од 0,6 отсто под нивото од претходниот период. Се предвидува дека вкупната глобална искористеност на крупнозрнестите житарки ќе опадне.
Кога станува збор за пченицата, таа е ревидирана нагоре поради потрошувачката во добиточна храна. Севкупна прогноза за искористување на пченицата за 2022/23 година. изнесува 779 милиони тони.
Се предвидува дека глобалните залихи ќе паднат за 1,2 отсто од нивното почетно ниво, достигнувајќи 844 милиони тони. Зголемениот бразилски извоз на пченка дополнително доведе до намалување на залихите за 3,2 милиони тони за овој месец.
Пченица со 306 милиони тони во 2022/23 останува блиску до минатомесечната прогноза и укажува на пораст од 4,1 отсто во однос на почетното ниво. Најголем дел од тој пораст е концентриран во Кина и Русија и изнесува 9 милиони тони, односно достигна 194 милиони тони.
За светската трговија со житарки во 2022/23 година се предвидува пад од 1,8 отсто под нивото 2021/22 година на 473 милиони тони, што е речиси непроменето во однос на претходната прогноза. Од очекуваните 223 милиони тони, прогноза на трговијата со крупнозрнести житарки за 2022/23 година. (јули/јуни) сè уште укажува на пад од 3,3 отсто во однос на нивото од 2021/22 година, поттикнат од очекуваниот пад на глобалната трговија со јачмен и сирак, додека пченката останува блиску до нивото од 2021/22 година.
Се предвидува дека меѓународната трговија со ориз во 2023 година ќе изнесува 53 милиони тони, што е мала промена во однос на февруари и за 5,6 отсто послабо од врвот во 2022 година.
За разлика од горенаведеното, светската трговија со пченица во 2022/23 (јули/јуни) треба да се зголеми за 1,1 отсто во однос на нивото од 2021/22 година.