Вести
ФАО: Во пораст цените на храна на глобално ниво
Индексот на ФАО за цената на кошницата на основните прехранбени производи порасна во февруари за 0,5 отсто од ревидираното јануарско ниво.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на ОН благо порасна во февруари, седми месец по ред, за што придонесоа зголемените цените на пченицата и пченката.
Индексот на ФАО за цената на кошницата на основните прехранбени производи порасна во февруари за 0,5 отсто од ревидираното јануарско ниво и за 17,2 проценти во однос на февруари 2016 година, достигнувајќи просечна вредност од 175,5 поени, највисоко ниво во речиси две години, објавено е на официјалната интернет страна на оваа светска организација со седиште во Рим.